четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 58

Рецепт: Вкусен ролат од тиквички, шунка и кашкавал

rolat-tikvicki

Поврзани вести

Еве како да подготвите вкусно и несекојдневно јадење.

Состојки:

  • 2 поголеми тиквички
  • 1 јајце
  • Малку брашно
  • 200 грама шунка
  • 300 грама кашкавал
  • 1 топка моцарела
  • Малку млеко
  • Сол, бибер
  • Малку масло за пржење

Подготовка:

  1. Промешајте ги брашното, млекото и јајцата, така што ќе добиете малку погуста смеса од онаа за палачинки. Ставете сол и бибер по вкус.
  2. Тиквичките излупете ги и исечете ги на ленти по должина. Натопете ги во подготвеното тесто и испржете ги од двете страни. Ставајте ги на чинија обложена со салфета, за да го исцедите вишокот маснотија.
  3. На парче алуминиумска фолија наредете ги готовите тиквички една до друга, така што ќе формирате кора. Насекаде наредете шунка (тенко исечена или рендана), издробена моцарела и изрендан кашкавал. Полека замотајте, прекријте со фолија и печете околу 20 минути на 180 степени Целзиусови.
  4. Тргнете ја фолијата и оставете да се олади. Послужете со топли мекици и јогурт.

Најчитани вести