Рецепт: Воздушно тирамису (оригинален рецепт)

Десертот Тирамису е совршен избор за летните денови, затоа што не само што е едноставен за подготовка, туку и нема да морате да пуштате рерна.

Потребни состојки:

  • 4 жолчки;
  • 100 грама шеќер во прав;
  • 500 грама маскарпоне сирење;
  • 250 мл слатка павлака;
  • 2 поголеми пакувања бисквити (48 парчиња);
  • 2, 5 дл сварено силно црно кафе;
  • Малку рум.

Подготовка:

Жолчките се миксираат со шеќер во прав и се ставаат да се зготват на пареа околу 15 до 20 минути додека не се згуснат. Кога добро ќе се оладат се додава маскарпоне сирење и малку се мати. Посебно се мати слатката павлака па се додава во претходната смеса и се мати со миксер.

Бисквитите се натопуваат во процеденото црно кафе на кое се додава малку рум и се ставаат на тацна (во два реда по 12), па на тоа се става крем, па повторно натопени бисквити (во два реда по 12) па остатокот од кремот. Се декорира со како прав.

Колачот се остава во фрижидер да се олади. Најдобро би било да отстои цела ноќ, но ако неможете оставете да отстои најмалку еден до два часа. Исечете на прчиња и послужете.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.