Доаѓа ли крајот на Западот каков што го знаеме?

Доаѓа ли крајот на Западот каков што го знаеме?
Доаѓа ли крајот на Западот каков што го знаеме?

Резултатите од претстојните ибори во САД и во Франција би можеле да одиграат пресудна улога во распадот на западното единство и современиот либерален светски поредок.

Ова го напиша новинарката Ен Еплбум во статија во „Вашингтон пост“, со наслов: „Не ли е ова крај на Западот каков што го знаеме“.

Таа смета дека три основни проблеми му се закануваат на западното единство – победата на Доналд Трамп на претеседателските избори во САД, победата на десничарката Марин ле Пен на изборите во Франција, како и евентуалното излегување на Велика Британија од Европската Унија.

Еплбум го нарекувa Трамп човек кого не го интересира апсолутно ништо од она што последните американски претседатели го нарекувале „општи вредности“.

На Трамп му е сеедно дали Украина ќе влезе во НАТО, Него во принцип не го интересира НАТО, како ни гаранцијата за безбедност на алијансата. Тој исто така зборуваше дека САД не треба да се меша во конфликтите во кои е вмешана Европа, пишува Еплбум, и додава дека Трамп во своите изјави зборувал дека „американските граѓани не би требало со своите животи да ја плаќаат цената на европските конфликти.

Според нејзините збороови, Трамп не само што не е заинтересиран за тие алијанси во кои САД во моментот се наоѓаат, туку не би обезбедил нивни опстанок.

Слична ситуација може да се случи во Франција по претседателските избори во 2017 година, доколку победи десничарката и претседателката на националниот ронт, Марин ле Пен, предупредува новинарката.

Таа истакнува дека во случај на победа, Ле Пен најверојано ќе ја извлече Франција од ЕУ и од НАТО и ќе ги национализира француските компании, ограничувајќи го на тој начин учеството на странските инвеститори.

Кога станува збор за Велика Битанија, новинарката потсетува дека најголем проблем претставува потенцијалното изгласување за излез од ЕУ, на референдум во јуни, што би можело да биде само шлагворт за излез на таа земја од НАТО.

Што е следно? Без Франција единствениот европски пазар ќе престане да постои, а прашање е колку НАТО ќе опстане без Велика Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.