Рецепт за Цезар салата што мора да го пробате

За подготовка на  Цезар салата потребно ви е: бело пилешко месо, мед, маслиново масло, кромид, пармезан…

Состојки:

  • 300 грама бело пилешко месо;
  • 2 лажици мед;
  • 4- 5 лажици + 100 мл маслиново масло;
  • 1 лажичка црвен пипер;
  • 2 чешниња лук;
  • 4 париња бел леб;
  •  2 јајца;
  • 6 инчуни;
  •  Главица  кромид;
  • 50 грама пармезан во парчиња;
  • Лажичка сенф;
  • Лажица сок од лимон;
  •  Голема зелена салата;
  • Сол, бибер и вустер сос по вкус….

Подготовка:

  1. Пилешкото месо измиете го и исушете го. Измечајте лажица масло и мед, додадете прстофат бибер, лажичка црвен пипер, премачкајте ги филетите со четка или добро втриете ги со раце, за творете го садот и оставете ги во ладилник околу 1 час.
  2. На загреана тава испржете ги парчињата леб, измешајте ситно исечкан лук, уште кратко пропржете и преместете на хартија. Тавата избришете ја со салфетка, загрејте една лажица масло и испржете го месото од сите стра ни, посолете го и оставете да се олади…
  3. Јајцата варете ги две минути, за жолчките да останат сирови. Инчуните измиете ги, исушете ги и исечкајте ги ситно. Во сад изм атете лажица мед, сок од лимон, сенф, жолчка и 100 мл масло, додадете коцкички кромид и инчуни, посолете и забиберете…

-Измиете ја салатата, исечете ја на пошироки ленти, ставете ја на чинија, ставете печени коцкички леб, крупно рендан пармезан и прелејте со сосот. Месото исчете го на парчиња, ставете го врз салатата, зачинете со  вустер сос и сервирајте веднаш.