Магазин

Рецепт за природно чистење на бубрезите

Рецепт за природно чистење на бубрезите
Рецепт за природно чистење на бубрезите

Со текот на времето во бубрезите се таложат соли и отрови, па и ситен песок и камчиња. Потребно е истите да се исфрлат бидејќи во спротивност можно е бубрезите да заболат.

Еве рецепт како тоа да го сторите. Сепак, ако имате некои бубрежни проблеми, на пример дијагностициран камен во бубрег бидете внимателни бидејќи овој народен чај може да започне да го исфрла надвор.

Начин на подготовка:

Полна шака убаво измиени листови од магданос или коријандер исечкајте ги на крупни парчиња, ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода (колку да ги прекрие листовите). Ставете на шпорет и кога ќе зоврие оставете да крчка десетина минути. Тргнете го тенџерето од шпорет, оставете да се излади (поклопено). Процедете и кога малку ќе се олади ставете го садот со чајот во фрижидер. Пијте една чаша од овој чај на ден. Можете да направите и појак чај така што ќе го оставите поклопен половина час.

Не заборавајте да внесувате доволно течности во текот на денот за бубрезите да можат правилно да работат. Овој чај не се препорачува за бремени жени.

Веќе по неколку дена ќе забележите дека ви е сменета урината, бидејќи телото го исфрла целиот тој насобран отров од бубрезите.