петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 8

Рецепт за природно киселење на краставички

Измиете ги краставичките, ставете сол и протресете во сад. Оставете ги на студено место 24 часа и повремено протресете.

krastavicki

Поврзани вести

Краставичките се богати со хранливи материи, со малку калории и мошне заситува, а истовремено е и идеален продукт што треба да го вметнете во најздравиот начин на исхрана. Краставичките се исклучително богати со хранливи материи, па еве еден рецепт за тоа како природно да ги закиселите, без оцет или слични додатоци што инаку се употребуваат за подготвување зимница.

Состојки:

  • 5 кг краставички
  • 0,5 кг сол
  • Свеж или сув копар
  • Вода
  • Корен рен
  • Бибер
  • Лук
  • Зачини по желба

Подготовка:

Измиете ги краставичките, ставете сол и протресете во сад. Оставете ги на студено место 24 часа и повремено протресете.

Вториот ден извадете ги од течноста, ставете  ги во сад и прелејте ги со вода во која сте стопиле еден отсто сол. Краставичките прекријте ги со чиста крпа, притиснете ги како што тоа го правите со кисела залка и оставете ги на топло место неколку дена. На површината мора да има вода што по неколку дена ќе почне да испушта пена.

Кога ќе престане пенењето треба да го проверите вкусот. Ситните краставички побрзо ќе се закиселат, според желбата (што кај малите количества и поситните краставички може да се случи по 3 или 4 дена), а потоа да се извадат од садот, според потребата да да се стават во тегла со стапче рен, полов ина парче лук, а на дното неколку зрна бибер. Краставиците залејте ги благо со солена вода, цврсто затворете ги и ставете ги во голем лонец на пастеризација. На дното на лонецот наредете ги теглите и додадете студена вода. Водата загрејте ја до 70 степени и на таа температура оставете околу 30 минути. Најдобро е во таа течност да се ладат.

Најчитани вести