Рецепти: Пица со туна и колачи без шеќер

За денешното мени ви предложуваме да  подготвиме пица со туна, а за десерт  колачи без шеќер.

Состојки

 За тесто

250 гр брашно

Малку квасец

Сол, лажичка масло

За фил

1 мала конзерва туна

1 домат

1 помала тиквичка

1 кромид

50 гр шампињони

Кечап

Со, бибер, оригано

Масло

Подготовка

Замесетe ги состојкит за тесто и ставете го топло да нарасне околу 15 минути. Подгответе тава со големина 20х30 ставете го тестото и со прстите развлечете го така што ќе преминува на страните од тавата и повторно оставете го на топло.

За тоа веме подгответе го филот: На малку масло пропржете ги тиквичките исечени на кругчиња, извадете ги и на тоаа масло пропржете исечкан кромид па додате на парчиња исечкан домат, неколку минути динстајте па додајте туна и зачини.

Тестото премачкајте го со кечап, ставете го филот преку шампињоните и тиквичките. Преку сето тоа ставете малку оригано и печете на силен оган (250 до 300 степени) околу 15 минути.

ba80004b47f4f26257d45800c83229d2_header

Колачи без шеќер

Состојки

3 меки банани

2 часи од 250 мл овесни снегулки

1 часа суво грозје или брусници

80 мл масло

Половина лажица цимет

50 гр чоколадо со поголем процент на какао на пример 75 отсто

80 гр сечкани ореви

¼ лажица сол

 Подготовка

Испасирајте ги бананите, измешајте ги останатите состојки и оставете ги сите фино да се соединат околу 10  минути. Формирајте топчиња поголеми од орев, помали од јајце и обликувајте колачи. Печете на 180 степени 25 минути или помалку.

Пријатен апетит!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.