Рецесија пред вратите на Русија

Според прогнозите на Министерството за економски развој на Русија, земјата ја очекува рецесија или кажано со прости зборови, пад на производството и забавување на економскиот развој и се што произлегува од тоа, пишува српскиот весник Вечерње Новости.

Во текот на септември се очекуваше дека руската економија ќе порасне за 1, 2 отсто, но експертите во моментов отворено говорат за пад. Главната причина за проблемите во руската економија е падот на цената на нафтата, а од јануари и падот на цената на гасот. Освен тоа во Министерството за економски развој се говори и за поголемиот одлив на капиталот од земјата во 2014 та година, кој изнесува повеќе од 1 милијарда долари, а според прогнозите истиот тренд ќе продолжи и во следната година.

Моменталниот голем пад на рубљата со сигурност ќе влијае и на падот на куповната моќ. Производителите со сигурност ќе ги зголемат цените на производите. Минатиот петок курсот изнесуваше 52, 7 рубљи за 1 долар, а 65 рубљи за 1 евро. Двете валути од јануари па до сега забележаа поскапување од околу 20 рубљи. Во последните седум дена рубљата загуби 16 отсто од својата вредност.

Платите и пензииите нема да можат да го следат порастот на цената и ќе дојде до намалување на продажбата. Овој лош тренд и затворен круг може да предизвика рецесија или криза.

Според прогнозите на економистите цената на нафтата може да паѓа и во првите 6 месеци од следната година, а потоа цената ќе се стабилизира. Дури тогаш, кога повторно ќе се зголеми цената на енергенсите, Русија може да очекува нормализирање на економската состојба, затоа што од продажбата на нафтата и гасот оваа држава  полни повеќе од половина од државниот буџет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.