Речиси 23 илјади производители ќе добијат дополнителни субвениции за пченицата

Владата на Р.Македонија донесе одлука со која на земјоделците кои обработуваат површина до 10 хетари за производтсво на пченица ќе им бидат исплатени дополнителни субвенции од 3.000 денари по хектар.

„Целта е да им е помогне на малите фармери кои имаат најголеми трошоци за производство и да ги поттикнеме и идната година да засадат пченица“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Околу 22.600 фармери обработуваат површина до 10 хектари за производство на пченица, а како што нагласи минситерот Цветков, тоа се околу 90 остсто од сите производители на пченица.

Досега земјоделците за пченицата добиваат субвенции од 9.000 денари за хектар и уште 3.000 доколку користат сертифицирано семе.

Од засеаните 95.000 хектари со пченица годинава, досега се ожнеани 93.000. Просечниот принос е 3,5 тони на хектар. Откупени се 87.000 тони по просечна цена од 11 денари за килограм. До крајот на годината се очекува откуп на 110.000 тони или 80 проценти од родот.

„Очекуваме дека годинава ќе се произведатжоколу 330.000 тони пченица, што во целост ќе ги покрие потреребите од оваа житна култура“, додаде Цветков.