Речиси 48 отсто од девојките се мажат пред 18 години

Дури 46 отсто од девојките во Јужна Азија се мажат пред да наполнат 18 години, покажува најновиот извештај на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Над два милиони деца во Јужна Азија умираат пред петгодишна возраст од причини кои можат да бидат спречени, покажуваат податоците на УНИЦЕФ, а околу 38 отсто од децата во регионот страдаат од хроничен глад.

Извештајот на УНИЦЕФ покажува дека децата во Јужна Азја продолжуваат да страдаат поради големата нееднаквост, а регионот е едно од најризичните места за забременување или за раѓање, наоѓајќи се на втора позиција по бројот на смртни случаи меѓу мајките на глобално ниво.

Африка е на прво мести по бројот на смртност меѓу мајките, како што велат од УНИЦЕФ.