Речиси 50.000 Украиници на протест во Киев

Околу 50.000 Украинци се собраа во центарот на Киев да го изразат својот гнев поради нападот врз поранешниот министер за внатрешни работи, Јуриј Луценко кој стана опозициски лидер, јавува АФП.

Четириесет и деветгодишниот член на кабинетот на поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко беше примен во болница по напад од полицијата за време на мал протест во петокот ноќта. Портпаролот на Луценко вели дека тој добил 10 удари во главата.