Свет

Речиси 6.000 имигранти спасени од Средоземно Море викендов

Речиси 6.000 имигранти спасени од Средоземно Море викендов

Речиси 6.000 имигранти се спасени од Средоземно Море за време на викендот, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Во саботата се спасени 3.480, а во неделата 2.371 лице. Поголем дел од бегалците се задржани на 80 километри од либиското крајбрежје во акции, во кои учествувале над десет спасувачки бродови.

Сите 5.851 имигранти се очекува да бидат пренесени во Италија. Брод на британската морнарица, трговски брод и брод на Малта, исто така, учествувале во спасувачките операции, се наведува во соопштението на италијанската крајбрежна стража.

Во период од неколку часа, само во неделата имало десетина сигнали за опасност, изјави пред италијанската телевизија РАИ Њуз 24 портпарол на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.