Речиси 60 отсто од младенците спиеле со двајца гости на свадбата

Семејството и роднините се 50 отсто од сите поканети на свадбата, а вообичаено стана на листата на гости да се додаваат и поранешните партнери. Речиси 60 проценти од младенците во минатото спиеле со двајца или повеќе од гостите што се поканети на свадба, потврди истражувањето на британскиот портал paper-shaker.com.

Една третина од луѓето тоа не му го откриле на својот партнер, а 12% од нив оделе и чекор понатаму и го замолиле поранешниот партнер да молчи за тоа. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам поканиле дури шест поранешни партнери на својата венчавка, пишува „Дејли мејл“.

Што се однесува до сексот на првата брачна ноќ, тоа е всушност мит и последна работа што им паѓа на памет на младенците. Една четвртина од нив немала секс првата брачна ноќ, најчесто поради преголемиот замор или премногу алкохол. Исто така, една петина од новопечените сопрузи признале дека им се допаднала некоја гостинка на свадбата, потврди истражувањето