Речиси распродадени билетите за Металург-ПСЖ

Македонскиот ракометен шампион, Металург, ја информира пошироката спортска јавност дека за неделниот натпревар, против богатиот и моќен Пари Сен Жермен, во продажба има уште само 200 слободни влезници.

Поради тоа, ги повикуваат сите оние што сакаат во живо да го проследат овој натпревар, да побрзаат и да набават влезница. Продажбата се реализира во продажните салони на „ОНЕ“, во Скопје и низ Македонија, како и онлајн на www.karti.com.mk.

Натпреварот Металург – Пари Сен Жермен ќе се одигра на 28.9.2014 година (в недела) во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 19 часот.