Речиси 1.300 граѓани побарале совет на Ало Докторе!

На телефонската линија за медицински  совет  Ало докторе! во текот на минатата недела медицински совет побарале вкупно 1.229 граѓани.

Како што информираат од Здравствен дом Скопје, вкупно 103.219  повици се примени од 15.09.2014 година  НА 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  АЛО ДОКТОРЕ !

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

На линијата 25  доктори  вкупно  се достапни за медицински совет . Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  со  широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни  симптоми, главоболки  поврзани со променливото време, алергиски реакции   и симптомна болка.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  Ало докторе! им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија .