Речиси 1,4 милиони аџии пристигнаа во Мека

Речиси 1,4 милиони муслимански аџии од целиот свет пристигнаа во светиот град Мека, од кои повеќето денеска заминуваат во најблиската долина Мина на местото на „жртвувањето“.

Околу 80 отсто од странските аџии, кои доаѓаат во Мека се официјални делегации на муслиманските земји, додека 20 отсто се патници, кои доаѓат во едно од двете најсвети места во исламот во Саудиска Арабија, преку туристички компании.

Овогодишниот аџилак почнува во време на зголемено насилство на џихадистите, бранот на смртоносниот вирус МЕРС и ангажирањето на Саудиска Арабија во војната во Јемен.

Првиот ден од аџилакот е познат како Тарвија, ден кога аџиите традиционално ги капат своите животни и полнат вода за патот на планината Арафат, на околу десет километри југоисточно од Мина, каде аџиите минуваат време во молитва и читање на Куранот. Кулминација на аџилакот е Арафатовиот ден кој е утре.

Околу сто илјади припадници на полицијата се распоредени заради обезбедување на овогодишниот аџилак и одржување на безбедноста на верниците, регулирање на сообраќајот и метежот, додека саудиското Министерство за здравство мобилизираше 25 илјади дополнителни здравствени работници, обезбеди пет илјади кревети, вклучувајќи и 500 за интензивна нега и осум подвижни болници, кои се дополнување на постојните медицински установи.