ОН: Речиси 200 држави во борба со климатските промени

промени

Повикуваме на највисока политичка посветеност во борбата против климатските промени која е прашање од итен приоритет, наведуваат во Објава за акција од Маракеш претставници од 196 држави и ЕУ на годишна конференција на ОН за климата.

Повикот е упатен на претпоследниот ден од конференцијата чија задача е подготвување нацрт што ќе овозможи примена на Парискиот договор усвоен лани во декември кој досега е ратификуван од 111 држави.

Со Парискиот договор се поставени граници за глобално загревање на два степена Целзиусови над нивото од времето пред Индустриската револуција, со намалување на штетните гасови кои предизвикуваат „ефект на стаклена градина“.