Речиси 330 нови маринци ќе се распоредат во Норвешка

норвешка

Норвешка граничи со Русија и распоредувањето на американски војници во земјата може да ја вознемири Москва.

Околу 330 американски маринци ќе бидат распоредени во Вернес, во близина на Трондхајм, централна Норвешка, на околу 1.000 километри од руско-норвешката граница на Далечниот Север. Маринците ќе се обучуваат и ќе учествуваат во воени вежби во арктички услови.

– Заштитата на Норвешка зависи од сојузничката поддршка и од одлучувачко значење за норвешката безбедност е нашите сојузници да дојдат и да се запознаат за акциите во Норвешка. Тоа е уникатна можност нашата армија да се обучува со американси војници во норвешки услови, изјави министерката за одбрана Ине Ериксен Сорајде.

Распоредувањето е на иницијатива на САД, а се очекува американските војници да пристигнат во Норвешка следната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.