Речиси 70% од младите во Хрватска живеат со своите родители

младите

Речиси три четвртини од младите Хрвати не го напуштаат домот на родителите, а според бројот на младите од 18 до 34 години, кои се уште живеат со родителите, Хрватска со 70 отсто е рекордер во Европската унија.

Според податоците на Евростат, по Хрватска се Словачка, Србија, Италија и Малта.

– За да си заминете од домот на родителите, треба да имате извесни приходи. Друг фактор се цените на недвижнините, висината на наемот, луѓето тоа едноставно не можат да си го дозволат, а следната работа секако се одредени навики и комодитетот, тврди социологот, Гојко Бежован, јавуваат хрватски медиуми.

Во традиционално католичките земји просекот на оние кои живеат со родителите е секогаш поголем.

Делумно поради менталитетот, а делумно и поради подобриот животен стандард најбрзо се остамостојуваат Данците, а потоа се Финците, Швеѓаните и Норвежаните.

– Хрватска не би била меѓу најлошите доколку државата не им помага на младите со конкретни мерки, додава Бежован.

Просекот на младите кои живеат со родителите на ниво на ЕУ изнесува 48 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.