четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Речиси достигнат рекордот на рејтингот на телевизиите во САД за време на изборната ноќ

Околу 71,4 милиони Американци ја следеа изборната победа на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД во вторникот, што е бројка мошне блиска до рекордот од 2008 година за време на победата на Барак Обама во првиот мандат.

рејтингот

Поврзани вести

Компанија за мерење на рејтингот на телевизиите Нилсен соопшти дека во 2008 година изборната ноќ била проследена од 71,5 милиони гледачи.

Во вторникот вечерата беше означен крајот на предизборната кампања, која го држеше вниманието на Американците повеќе од една година. Две од трите најгледани предизборни претседателски дебати во историјата биле меѓу Трамп и неговата соперничка Хилари Клинтон.

Најгледаната телевизија ноќта на изборите била Си-Ен-Ен, а по неа следеле Фокс њуз и Ен-Би-Си.

Најчитани вести