четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Речиси еден милион мигранти се подготвени да ја напуштата Либија и да се упатат кон Европа

Речиси еден милион луѓе може да тргнат од Либија кон Италија преку Средоземното Море во најнов миграциски бран кон Европа, најавува воен советник кој работи за ОН во изјава за ДПА.

132781767

Последни вести

– Во Либија има милион потенцијални мигранти, изјави генерал Паоло Сера, воен советник на пратеникот на ОН за Либија, Мартин Коблер.

Слични изјави даде и претседателот на ЕС, Доналд Туск во говор пред парламентот во Стразбур.

– Бројот на потенцијални мигранти загрижува. Тоа значи дека треба да бидеме подготвени да покажеме солидарност со Малта и Италија ако тие побараат, изјави Туск.

Генералот Сера вели дека мора на Либија да и се додели економска помош за да се намали ризикот од масовно напуштање на државата. Според него, намалено е производството на нафта од 1,8 милиони барели дневно на едвај 300 илјади и оти без влада во Либија речиси е невозможно да се обезбеди почитување на законите и човековите права како и контрола на границите.

Најчитани вести