Речиси сите напаѓачи во Келн биле странци

Речиси сите осомничени за нападите врз жените на Новогошната ноќ во Келн биле странци или поточно бегалци кои пристигнале во Германија во изминатите неколку месеци, изјави денеска министерот за внатрешни работи на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија, Ралф Јегер, пренесе МИА.

Според изјавите на сведоците и според извештаите на локалната и федералната полиција, сите извршители на овие напади биле со имигрантско потекло, додаде Јегер.

Според него, сите показатели укажуваат на тоа дека станува збор за луѓе од Севрена Африка и од арапските земји.

Врз основа на она што досега го знаеме од истрагата, меѓу осомничените напаѓачи има и баратели на азил, кои пристигнале (во Германија) во текот на минатата година, рече Јегер.

Тој нагалси дека на Новогодишната ноќ пред железничката станица во Клен се собрале речиси 1.000 мажи, меѓу кои имало и „многу бегалци“, кои ги извршиле нападите, вклучително и сексуалните напади врз повеќе жени.

Јегер призна дека полицијата реагирала несоодветно и дека властите немале целосни сознанија за случајот се до утрото на 1 -ви јануари.

Поради серијата напади, во петокот од должноста беше разрешен началникот на полицијата во Келн. Јегер сепак порча дека за нападите не треба да бидат обвинувани сите странци, нагласувајќи дека во вакви услови постои опасност за зајкнување на позициите на екстремната десница.

Етикетирањето на една цела група од населението како сексуални напаѓачи, не само што е погрешно, туку е и опасно. Тоа го прават екстремнодесните мршојадци, на кои тоа им е единствениот аргумент, истакна Јегер.

Според него, сосема е наважно дали осомничените напаѓачи се со арапски. африкански или германски пасош или дали се родени во Германија, туку е важно она што го направиле.

Потеклото нема врска со кривичните дела. Сите луѓе се еднакви пред законот, порача Јегер.