Спорт

Ред Бул обвинет за мамење

Ред Бул обвинет за мамење

Тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие е на пат да отвори сериозен фронт во Формула 1, откако го обвини Ред Бул за употреба на кодирани радио пораки до Даниел Рикиардо.

Како што е познато, пред вчерашното Гран При на Сингапур Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) забрани поднесување на податоци од боксот кон пилотите за презентација на болидите.

Уште со најавата на одлуката доста од тимовите побараа појаснувања од централата заради сложените комплексни системи кои се користат во текот на оваа кампања, која е прва со новите турбо мотори. ФИА сепак категорично забрани секакви сугестии, како на пример каде пилотот губи време, во кој момент да ги притиска кочниците, како да влегува побрзо кривините и тн.

За време на трката во Сингапур Рикардо имаше проблеми со акумулаторот на автомобилот, а во еден момент ја доби следнава наредба: “Ако ги избегнуваш рабовите при излегувањето од свиоците може да помогне за проблемот на болидот”.

Булие беше категоричен дека според него слично објаснување е во спротивност со новите правила.

“Од наша страна ние немавме никакви проблеми со регулациите кои се однесуваат на радио комуникацијата”, изјави Французинот.

“Тоа не натера да одвоиме повеќе внимание на она што го зборуваат другите, за да сме сигурни дека не дозволуваат грешки, како што Ред Бул на два пати направија со Рикардо. Според нас, пораката беше кодирана, но зависи од ФИА дали ќе направи истрага. Јас не можам да наредам такво нешто”.

“Без сомнение, сепак кажаното беше чудно. Ако беше само еднаш, океј, но веќе два, три пати? Можеме само да се сомневаме каков точно бил проблемот на болидот”, заврши поранешниот шеф на Лотус.