„Ред бул“ плаќа отштета ако не ви „даде крилја“

Слоганот „Ред Бул ви дава крила“ се покажал како невистинит, поради што компанијата Ред Бул се согласи да плати 13 милиони долари отштета врз основа на групната тужба во САД.

Ред Бул во своите реклами тврди дека овој енергетски пијалак може да ја подобри концентрацијата и брзината на реакцијата, но во тужбата е наведено дека овие тврдења се лажни и дека немаат научна основа.

20111116-red-bull-m

Додека тужбата сѐ уште не открила дали тужителите се разочарани поради тоа што не им пораснале крила, во неа стои дека Ред Бул во голема мера се потпира на термини како што се „крила“ и „подобрување“ за на потрошувачите да им остави впечаток дека напитокот може да пружи одредено физичко и психичко подобрување.

aus-fuer-red-bull-verleiht-fluegel

Компанијата се согласи да плати 13 милиони долари.

Ред Бул исто така ќе мора на разочараните потрошувачи, кои што го купиле овој енергетски пијалак во периодот меѓу 1 јануари 2002 година па сè до 3 октомври 2014 година да им достави чек од 10 долари или купон за купување на нивните производи до вредност од 15 долари.

Како што наведуваат на сајтот BuzzFeed, мора до 2 март 2015 година да се пополни формулар. Како што наведуваат, не е потребен доказ дека Ред Булот бил купен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.