среда, 26 април 2017  |  Вести денес: 24

Редакцијата на „Вест“ се приклучи на штрајкот во МПМ

Одлуката за штрајк во МПМ денеска доби поддршка и од Меѓународната и Европската федерација на новинари.

mpm-protest-680x365_c

Последни вести

Новинарите и медиумските работници од редакцијата ВЕСТ донесоа одлука да им се приклучат на колегите од Утрински весник и Дневник на издавачот Медиа принт Македонија. Тие денеска формираа штрајкувачки одбор и го известија менаџментот дека заедно со колегите од другите изданија на МПМ започнуваат со прекин на работата на 17 февруари. Нивните барања се исто така итна исплата на платата за декември и исплата на платата за јануари најдоцна до 15 февруари.

Одлуката за штрајк во МПМ денеска доби поддршка и од Меѓународната и Европската федерација на новинари.

“Ова е тотално неприфатливо. Како можат колегите да си ја вршат работата кога не се платени? Читателите и другите членови на новинарската заедница треба да ја поддржат оваа борба бидејќи се крашат правата на работниците и се загрозува на правото на јавноста на пристап до информации. Ние се солидаризираме со нашите колеги.“, велат од двете најголеми новинарски организации во кои ССНМ е полноправна членка.

Најчитани вести