Македонија

Редот и мирот на парламентарните избори ќе го чуваат 7.000 полицајци

Редот и мирот на парламентарните избори ќе го чуваат 7.000 полицајци

Околу седум илјади веќе обучени полицајци ќе се грижат за безбедноста на претстојните предвремени парламентарни избори, најави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Јанкулоска потенцираше и дека се формирани и регионални оперативни штабови кои се во постојана комуникација со централниот оперативен штаб.

На денешниот состанок на оперативниот штаб на МВР покрај другото беа презентирани  податоци според кои од 25-ти минатиот месец па се до први април во рамки на предизборната претседателска кампања биле одржани 67 предизборни митинзи, 33 средби со граѓани, седум собири на граѓани и три трибини, на кои присуствувале околу 115.000 граѓани.

Настаните биле обезбедувани од страна на 800 полициски службеници, а за време на истите не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир.