Редовен годишен Амбасадорски совет во МНР

Од денеска до 26 декември во Министерството за надворешни работи ќе се одржи редовниот годишен Амбасадорски совет – Работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.

Со амбасадорскиот совет ќе претседава министерот за надворешни работи Никола Попоски, а пред шефовите на ДКП-та ќе се обратат и претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељановски.

Како што соопшти МНР, на амбасадорскиот совет е предвидено да се разговара на разни теми, ќе биде презентирана работата и постигнувањата на шефовите на ДКП-та и планираните активности на македонската дипломатија за 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.