Редуцирано снабдување со струја во Драчево и околината

Поради оштетувањата на 110 кВ далекувод од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица ЕВН Македонија спроведува алтернативни решенија со регулиран план за снабдување со енергија на корисниците од скопската населба Драчево и околните населени места.

Во текот на ноќта поради зголемување на потрошувачката алтернативните точки на напојување не можат да го издржат товарот поради што се јавува пад на напонот и прекини во снабдувањето на одредени населени места.

Затоа ЕВН Македонија ќе спроведе план за регулирана потрошувачка за да го заштити дистрибутивниот систем и да обезбеди квалитетна енегија за корисниците во одредени времески интервали.

Се работи на изготвување на техничко решение со нова локација каде ќе биде поставен новиот столб.