Редукциите на линиите „65“ и „55“ од утре нема да важат

Се известуваат патниците дека почнувајќи од утре, редукциите на линиите кои беа направени заради оштетен коловоз и непроодност на повеќе патни правци повеќе нема да важат.

– линија 65В ќе сообраќа по обиколница до клучката за с.Страчинци;

– линија 65 ќе сообраќа по обиколница до с.Раштак ;

– линија 65а до с. Страчинци нема да сообраќа, патот е сеуште непрооден;

– линија 65б до с. Смилковци ќе сообраќа само со минибус;

– линија 55а од с. Брњарци ќе сообраќа до крај;

– минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци ќе сообраќа нормално.