четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 41

Референдум во Бугарија за намалување на бројот на пратеници во Парламентот

132345235

Последни вести

Бугарскиот Парламент одобри спроведување на референдум во октомври за измена на системот на гласање, што вклучува и намалување на бројот на пратеници, како и начинот на кој тие ќе бидат избрани.

Референдумот го инициран од телевизискиот водител Слави Трифонов, на чија петиција се потпишале 675.000 Бугари.

Граѓаните на референдумот ќе одговорат дали сакаат да се смени пропорциоанлниот изборен систем со мнозински, да се намали бројот на пратеници на 240 на 120, да се воведе електронско гласање и да се намалат државните субвенции за политичките партии.

Иницијативата доаѓа во време кога Бугарија се соочува со мала излезност на изборите, обвинувања за изборни фалсификати, како и со поткопана довербата во демократските институции.

Најчитани вести