Референдум за името е финалниот одговор на Македонија

СДСМ сакаат без подршка од мнозинството од народот да дојдат на власт. Мислат дека ако одат со ваква црно сценарио, па на крај организираат некој митинг, па малце насилство нели, тоа им е дел од кодот, тогаш ќе дојдат странци, ќе се крене меѓународната, и ете им ситуација како да дојдат на власт.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, каде се собраа голем број симпатизери, поддржувачи и членови на најголемата владејачка партија.

-Паралелно на тоа, нудат се и сешто на секого, на странците, на партиите на албанците во Македонија, на секој, кој може да направи нешто да им помогне некако… ..но, овие на кои им се нудат не само што не им помагаат така како што се очекува од нив, туку и ги понижуваат, им се смеат, дополнително ги посрамуваат. Ама овие нашиве очигледно немаат никаков срам, образ ѓон, како што викаат нашите. Па каков образ може да има човек кој свесно игра едно вакво сценарио, рече Груевски.

Кога во раните деведесети СДСМ беше на власт, а грчките партии организираа милионски митинзи само за да ни порачаат дека Македонија била грчка, нагалси Груевски, народот во Македонија немаше шанса да даде одговор.

-Никој не го организираше или охрабруваше на соодветен масовен одговор. Влеговме во спор со Грција иако веќе речиси се суштинско ни беше одземено. Ни беше одреден дури и медијатор. Оттогаш до денес посредувањето како основа го има впечатокот што го стекна посредникот од тогашното третирање на македонскиот народ од страна на СДСМ. На една страна има грчки народ во полн капацитет, а на друга политичари на власт. Македонскиот народ го нема. Ова го кажувам како само еден пример, кој не треба да се става во никаков друг контекст, освен во контекст на односот на оваа партија кон значајните прашања за државата.Затоа нашата позиција меѓу другото вели, да, политичарите ќе разговраат, преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат,..нешто ќе им се виде добро, нешто лошо, некој без, некој под некакви притисоци, уцени,понуди или закани, ….се може да прават, но ако некој нешто усогласи, договори, вети, или прифти, неможе финалниот збор да го имаат политичарите, министрите, премиерот или претседателот, туку целиот народ кој преку реферндум ќе каже дали некоја идеја, предлог или решение е добро или не, и тоа, и само тоа може да е финалниот одговор на Република Македонија, потенцираше Груевски.

Еден, два, пет, 15 или 150 луѓе може и да згрешат и да се во зблуда во еден или друг правец, да подлегнат на притисок, закани, уцени или што ли не, рече тој, додавајќи дека тоа нема да помине кај целиот македонски народ и сите граѓани на Македонија. Да беше така на почетокот на деведесетите кога СДСМ одлучуваше наместо народот, друга ќе беше ситуацијаата и позицијта по ова прашање сега.

-Така е секогаш кога оваа партија е на власт. Но, од 2006 година народот кој намерно беше игнориран од политичари елитисти, чија волја и интереси беа множени со нула, реши да дава јасен и непоколеблив одговор. Го прави тоа на избори, практично секоја година. Секоја година имаме избори. и никако да ја сфатат лекцијата. Затоа СДСМ е во опозиција. Тоа не ги прави среќни ни водствата ни нивните надворешни сојузници кои ја подржуваа марионетската политика на оваа партија од свои интереси, закчучи Греувски.