Референдум за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје

Референдум за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје се одржува денеска во општина Центар.

Прашањето на референдумот е „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.

Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија.

Изјаснувањето ќе го мониторираат 597 набљудувачи од кои четворица од ОБСЕ, 107 од МОСТ, 79 од Цивил, 181 од Граѓанското општество „8 Септември“, 70 од општина Центар, „Синергија“ од Штип со 156 набљудувачи и други.

За референдумот да биде успешен, на гласање треба да излезат половина од запишаните избирачи, а барем половина од нив да се изјаснат „за“ задржување на автентичниот изглед на Градскиот Трговски Центар.