Референдумот во ирачки Курдистан „ќе има цена“

Турција повторно во четвтокот предупреди дека одржувањето на референдумот за независност на автономниот ирачки Курдистан кон крајот на септември ќе има своја цена.

„Инсистирањето на курдските функционери на организирањето на овој референдум и покрај сите пријателски совети ќе имаат цена“, објави турското министерство за надворешни работи во соопштение, повикувајќи ја владата во Ербил, галвниот крад на автономната покраина ирачки Курдистан да се откаже од „погрешниот пристап“.

Гласањето на референдумот е предвидено за 25-ти септември во овој регион на северот од Ирак којашто од 1991 година ужива автономија која во текот на годините се прошири.

Турција, којашто и самата се соочува со тежнеењата на курдските сепаратисти од забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) кои имаат свои бази во северен Ирак остро се спротиставува на ова гласање.

Ваквиот чекор на Курдите го критикуваше централната ирачка влада во Багдад, како и нејзините сојузници Техеран и Вашингтон. Анкара, која има блиски односи со ирачките Курди, стравува дека тоа може да предизвика слична реакција и во соседната Сирија каде што курдската заедница е блиска со курдските бунтовници во Турција, додека Москва оцени дека станува збор за легитимни аспирации на Курдите но кои треба да се спроведат мирно и во согласност со меѓународното право.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.