четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Реформаторите го вратија мандатот за состав на нова влада на претседателот Плевнелиев

Очигледно уставната процедура завршува и ние одиме кон предвремени парламентарни избори, нагласи Плевнелиев.

132356581

Последни вести

Реформаторите го вратија третиот и последен мандат за состав на новата Влада на претседателот Росен Плевнелиев.

Во канцеларијата на претседателот пристигнаа претставникот на Бугарското национално движење (БНД) Борислав Великов, потпретседателите на Сојузот на демократски сили (СДС) Румен Христов и Костадин Марков и Александар Христов од Бугарскиот земјоделски народен сојуз.

Претседателот Росен Плевнелиев им се заблагодари за напорите кои ги дадоа „пред очите на целиот народ“, како и за водените преговори.

-Очигледно уставната процедура завршува и ние одиме кон предвремени парламентарни избори, нагласи Плевнелиев.

Румен Христов го изрази жалењето на реформаторскиот блок што не успеале да постигнат согласност во рокот поставен од претседателот.

Претседателот Росен Плевнелиев во текот на денот ќе даде изјава со која се очекува да стане јасно дали ќе назначи службен кабинет или ќе ја остави сегашната Влада до 22 јануари, кога стапува на должност новиот претседател Румен Радев.

Најчитани вести