„Реформаторите“ во трка за првите редови да ја поздрават Шекеринска

Повеќе од очигледно е дека новата социјалдемократска власт има страв од силното ВМРО-ДПМНЕ, па со сите сили се обидува да предизвика конфузија, а доколку може и до раздор во партијата која има најмногу пратеници во Собранието.

Иако партијата победи на последните избори добивајќи 51 мадат во 120-члениот парламент, се појавија одредени лица, не толку познати за јавноста или за поголемиот дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ и побараа нејасни реформи. Изненадувачки, или сепак не, нивната „активност“ беше громогласно најавено и линковски пренесувано од порталите финансирани од „невладини фондации“, а потоа добија и третман од самоата СДСМ.

Еден од оние кои се меѓу таканаречени реформатори е Петар Богојевски, за кого новинарот Цветин Чилиманов на Фејсбук напиша дека се турка за да ја пречека Радмила Шекеринска на примопредавањето на функцијата министер за одбрана.

„Она кога сакаш да си реформатор на ВМРО, а се буткаш да ја пречекаш Шекеринска“, напиша Чилиманов на својот фејсбук профил.