Реформите и борбата против корупцијата остануваат приоритет на Владата

Владата ќе продолжи да се залага за борба против корупцијата, за безбедноста, за независно и ефикасно судство, реформи во полицијата, транспарентност во нејзината работа и на администрацијата и поквалитетни услуги за граѓаните.

Премиерот Груевски истакна и дека приоритет на Владата и понатаму ќе биде заштитата на човековите права.

– Високиот степен на безбедност, независното и ефикасно судство, натамошните реформи во полицијата и судството, јакнењето на одбраната, неселективно спроведување на правото остануваат наши определби за кои работиме. Исто како и транспарентна и ефикасна работа на Владата и јавната администрација и поквалитетни услуги за граѓаните и фирмите, преку длабоки реформи на јавната администрација, рече Груевски во обраќањето пред пратениците.

Борбата против корупцијата ќе продолжи со несмалено темпо, жестоко и ревносно, неселективно и бескомпромисно, додаде Груевски.