Македонија

Прегазен пешак во Пинтија

Прегазен пешак во Пинтија

Во тешка сообраќајка во населбата Пинтија, утрово загина седумдесет годишен маж. Во него удрило комбе во скопски регистерски таблички.

Несреќата се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во населба Пинтија, кога комбето удрило во пешакот Живоин К. кој со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар, но лекарите, за жал, не можеле да го спасат неговиот живот.

На местото на несреќата полицијата извршила увид.