Македонија

Регионален центар за млади музичари од ЈИЕ во Крушево

Регионален центар за млади музичари од ЈИЕ во Крушево

Од 24 до 26 јуни во Крушево, во спомен домот на Тоше Проески ќе се одржи Регионален центар за млади музичари од Југоисточна Европа во организација на Министерството за култура и продуцентската куќа „ Трето уво“. Целта на овој проект е да овозможи едукација и усовршување на младите музичари коi секоја година ќе имаат можност да работат со различни ментори. Оваа година со пријавените музичари ќе раководи нашата музичка легенда Влатко Стефановски.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска информираше дека од оваа лето традиционално секоја година во Крушево ќе се одржуваат музички работилници за различни инструменти преку кои младите талентирани музичари ќе имаат можност да се здобијат со непроценливи искуства и знаeње од македонските најреномирани уметници.

Со оваа музичка работилница, додаде Канческа- Милевска, ќе се овозможи уште поголема фрекфенција на млади луѓе кои ја сакаат музиката и го почитуваат ликот и делото на нашиот Тоше.

-Отварањето на регионалниот центар ќе ги афирмира музејските капацитети на Спомен домот, ќе ги збогати содржините кои се реализираат во него и уверена сум дека битно ќе влијаат на локалниот културен развој. Сите активности кои кои се предвидени во рамките на работилниците ќе имаат придобивки и врз економскиот развој на Крушево кој е град со голем туристички потенцијали, истакна министерката.

Поканата да биде дел од оваа гитарска работилница македоснкиот виртуоз Влатко Стефановски ја прифатил со големо задоволство. Тој вели дека ова му е прва таква покана во Македонија иако досега мастер клас одржувал во Лос Анџелес, Лондон, Париз, Словенија, Белград, Загреб.

Според него многу значајно во целата таа приказна е што овие работилници во Крушево ќе бидат бесплатни за разлика од други места каде тој ги одржувал.

Иво Јанковски од  продукциската куќа „Трето уво“ информираше дека од денеска сите заинтересирани музичари ќе можат да се пријавуваат на веб страницата www.krusevoworkshop.mk каде ќе можат да најдат подетелани информации за се што ги интересира околу работилницата.

Јанковски информираше дека за сето тоа што ќе се случува на работилницата ќе биде изработен документарен филм, а откако ќе заврши работилницата сите учесници во неа заедно со својот ментор Влатко Стефановски ќе имаат завршен концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен домот на Тоше Проески.