Регионален состанок на контакт амбасади на НАТО на земјите од Западен Балкан

Во организација на Амбасадата на Република Труција во Република Македонија, денес во Скопје се одржа регионалниот состанок на контакт амбасадите на НАТО за земјите од Западен Балкан.

На состанокот покрај амбасадорите на Словачка, Унгарија и ОК акредитирани во земјите од регионот, учествуваше и Тед Вајтсајд, Вршител на должноста Помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија.

NATOOO (2)

Во текот на состанокот се дискутираше за можностите и за начините за јакнење на соработка на НАТО со земјите кандидати за членство во Алијансата.

Во обраќањето, министерот Попоски меѓу другото ги запозна присутните со реформските процеси кои ги презема Република Македонија, а во правец на побрзо добивање покана за членство во Алијансата.

NATOOO (3)

Воедно, министерот Попоски ја реафирмира  подготвеноста на Република Македонија, во рамките на своите можности и мандатот даден од Алијанската, преку мисијата „Решителна Подршка“ и понатаму активно да учествува во градењето стабилна и безбедна иднина на Авганистан, што ќе се постигне со создавање позитивна безбедносна клима, почитување на човековите права, економски развој на земјата и јакнење на регионалната соработка.