Регионална обука против организиран криминал и трговија со дрога

Во Центарот за обука во Идризово денеска ќе започне четвртиот модул за регионална обука во рамките на програмата „Партнерство за едукација“ именуван „Борба против организиран криминал и трговија со дрога“.

Обуката е во организација на Амбасадата на САД во Скопје и програмата ИЦИТАП Македонија, заедно со американската амбасада во Хрватска и македонското Министерство за внатрешни работи.