Регионалниот одбор на СОНК – Прилеп против штрајкот во образованието

Регионалниот одбор на СОНК-Прилеп по денешниот состанок донесе одлука дека е против иницијативата на Советот на СОНК за организирање на генерален штрајк.

– Од 34 синдикални организации на Регионалниот одбор на СОНК Прилеп, којшто ги покрива Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани сите едногласно се изјаснија дека се против одлуката за генерален штрајк, а предложените барања од СОНК да се остваруваат преку дијалог меѓу СОНК и ресорните министерства, истакна претседателот на Регионален одбор на СОНК-Прилеп, Ванчо Спиркоски.

Од членството кое што брои околу 1.500 членови, како што посочи Спиркоски, 220 челенови се за штрајк, останатите се против ваквата одлука на Советот на СОНК за генерален штрајк во образованието.

– Секоја синдикална органзација имше свое изјаснување, врз основа на кое, е донесен ваквиот став, потенцираше Спиркоски.

Освен од прилепскиот синдикат, СОНК не доби поддршка за генерален штрајк и од претставници на синдикатот од Штип, Велес и Битола, кои вчера јасно ставија до знаење дека не го поддржуваат најавениот штрајк на СОНК.  Претходно, поддршка за штрајкот на СОНК откажаа и синдикатите од Другово и Охрид.