Регионалните и локалните телевизии со заеднички допис против Законот за цензура на СДСМ и Ван Хауте

Регионалните и локалните телевизии во земјава застанаа против Законот за цензура на СДСМ и европскиот претставник Питер Ван Хауте.

Тие упатија со заеднички допис до четирите најголеми политички партии и претставништвата на ЕУ и САД,

Во дописот се вели дека како огромно мнозинство на телевизии во земјава, долупотпишаните регионални и локални телевизии се единствени и обединети во барањето политичките партии да престанат да носат закон за медиуми, или поточно закон за телевизии на дневна основа и со политички пазарења.

Нашиот став во целост се поклопува со искажаните ставови на Петте национални телевизии и бараме од сите политички партии да го почитуваат нашето мислење и нашите ставови бидејќи се работи за закон кој не тангира нас телевизиите, се вели во дописот.

Регионалните и локалните телевизии бараат да се превземат активности за да се разреши оваа вештачки креирана медиумска криза во Македонија.

dopis-2

Наш заеднички став во врска со оваа тема е следниот: 1. Ги одбиваме предлозите на СДСМ и Питер Ван Хауте, кои се божем два различни предлози, а всушност се работи за еден единствен предлог, кој што е цензорски, недемократски, кој што е спротивен на уставот и законите во Република Македонија. Овој закон, е закон кој што не постои никаде во светот, закон кој што со презир го отфрлија сите релевантни новинарски здруженија во Македонија, сите битни новинари и целата македонска јавност. 2. Бараме да се имплементираат предлог измените кои се предложени од петте национални телевизии, бидејќи овие измени се во правец на слобода на медиумите и во интерес на сите телевизии во Македонија. 3. Бараме да во итна постапка се донесе законот за Владино рекламирање, со што и ние регионалните и локалните телевизии ќе бидеме опфатени со истиот, стои во дописот.

Регионалните и локалните телевизии нагласуваат дека доколку продолжи праксата на преговори за медиумите без да се прашаат самите медиуми и без да учествуваат во преговарачкиот процес, ќе ги повикаат граѓаните на протест пред амбасадата на ЕУ, и протестот ќе трае се додека не се вразумат партиите под водство и медијаторство на ЕУ.

dopis-3

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.