Регистерот на педофили во Македонија со 280 илјади посети

Официјалниот регистар на педофили во Македонија, на кој може да се побараат информации за лицата осудени за ова кривично дело, за 2,5 години го посетиле над 280 илјади граѓани.

Регистарот содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија.

На ваков начин осудените лица ќе бидат контролирани до крајот на нивниот живот, со цел да се следи нивната состојба, движење и местоположбата.