Регистриран првиот случај на ебола во Сенегал

Во Сенегал е забележан првиот случај на ебола, а лечењето на заразените во овој момент е апсолутен приоритет, соопштуваат од Светската здравствена организација (СЗО).

Со ебола е заразен 21 годишен студент од Гвинеја кој на 26 август побарал лекување во болница во Дакар.

СЗО наведува дека што побрзо може да побара итна помош за Сенегал, посебно во заштитна опрема за медицинскиот персонал.

Со првиот случај на ебола, Сенегал стана 5-та земја од западниот дел на Африка во која се појавила оваа болест. Досега од ебола починале повеќе од 1.500 лица.