Регистриран сигнал од паднатиот авион на „Иџипт Ер“

Тимот египетски истражители денеска регистрира Ес-О-Ес сигнали од авионот на „Иџипт ер“, кој минатата недела, со 66 патници и членови на екипажот се урна во Средоземно Море, пренесува МИА.

Шефот на египетската служба за истрага на авионски несреќи, капетан Ајман ал Мокадем изјави дека сигналите овозможиле потрагата по остатоците од леталото да се намали од радиус од 40 милји на три милји.

Тој посочи дека неговиот тим се уште не ги лоцирал црните кутии од авионот, кој содржи клучни податоци за летот.

Мокадем претходно изјави дека француски брод специјализиран за потрага по остатоци во море, ќе се приклучи на потрагата по црните кутии.