Регистриран земјотрес на Косово

Во 2.30 часот по локално време во регионот на Пеќ, северозападно Косово, е регистриран земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала.

Интензитетот во епицентарот е проценет на шест степени според Меркалиевата скала.

Земјотреси со ваков интензитет можат да предизвикаат оштетувања на објектите во епицентралната област.