Регистриран земјотрес во Индонезија

Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на брегот на северна Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот бил со епицентар на околу 150 километри северозападно од Кота Тернатеа, на 65 километри под дното на морето.

Американскиот Национален центар за превенција од цунами, наведе дека според првичните проценки, земјотресот не бил довлно силен за да предизвика цунами.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета, ниту за повредени или загинати.