Регистрирана невладина организација за обединување на албанската младина во Македонија

На пазарот на невладини организации во Македонија им се придружи уште една организација: Младински форум на Албанците, којашто во вторникот и официјално ги зеде печатите од Централниот регистар на Република Македонија, објавува порталот Алмакос.

Претседателот на МФА, Аритон Рама, им честита на сите членови и на сите млади пишувајќи дека тие се единствената организација која е регистрирана и на албански јазик.

„Според Централен регистар, Младински форум на Албанците е првата невладина организација во нашата земја која е запишана двојазично од актот на основање па сѐ до печатите, а сега и функционална одлука на албански јазик, што значи не сме прифатиле ниту една процедура без да фигурира албанскиот јазик. Честитки на сите“, напиша Рама.

Инаку МФА  започна да дејствува пред еден месец и целта на оваа организација е да ја обедини албанската младина, како и создавањето сеалбански студентски парламент.