Регистрирани 223 новозаболени од грип минатата недела

Минатата недела биле регистрирани 223 новозаболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 24,9 отсто помалку во однос на претходната недела.

Во сезоната 2013-2014 година имало вкупно 28.748 заболени од грип.

Во споредба со истиот период од минатата година овој број е поголем за 16,6 отсто. Претходната недела не бил регистриран смртен случај како последица на вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.

Најголем број на заболени во текот на оваа сезона се регистрирани на територијата на Скопје – 4.105 заболени и Прилеп – 3.961, а најголема смртност на територијата на Кавадарци.

Во сезоната 2013-2014 најголем број од заболените биле на возраст од 15 до 64 години, а најголема смртност била регистрирана кај децата до 4-годишна возраст.