Регистрирани четири нови земјотреси на Балканот

Низа земјотреси го потресоа Балканот денеска. Три земјотреси се регистрирани во Турција, а еден во Грција.

Потрес со јачина од 4,5 степени во Рихтер е регистриран во 6:59 во Сароскиот Залив во Егејското Море, соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили. Замјотресот бил на длабочина од 13,3 километри.

По првиот земјотрес следеле уште два вторични потреси со интензитет од 2,2 и 2,1 степен по Рихтер.

Други два земјотреси се регистрирани синоќа во окрузите Карс и Ерзурум со интензитет од 4,2 и 4,3 степени по Рихтер околу 3:03 часот.

Нов земјотрес со интензитет од 4,1 степен по Рихтер е регистриран изутрината во 5:59 часот меѓу грчките острови Лимнос и Самитраки во Егејското Море.